Хрватскиот кошаркар, Доминик Мавра од денес е нов играч на актуелниот шампион, МЗТ Скопје.
На официјалниот сајт на клубот денес беше соопштено дека хрватскиот бек ги завршил сите формалности околу потпишувањето на договорот со шесткратниот македонски шампион, но не е наведена временската одредница на договорот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мавра кој минатата година настапуваше за Карпош Соколи, оваа ја започнс во шпански Хувентуд, но денес го раскина договорот бидејќи, судејќу по медиумите, не бил задоволен од минутажата која ја добивал.
Хрватскиот кошаркат изминатата сезона за Соколите одигра на 19 натпревари во АБА лигата со просек од девет поени и 3,7 асистенции. Мавра беше најзаслужен игра на Карпошани за освојување на Купот на Македонија во чија завршница беше прогласен за најкорисен играч.
Доминик Мавра е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром https://t.co/TJc3HiO10R
— MZT SKOPJE AERODROM (@kkmztskopje) November 3, 2017