Дома Трансфер зона Заниоло дефинитивно останува во Рома, ќе чека до јуни за трансфер

Заниоло дефинитивно останува во Рома, ќе чека до јуни за трансфер

Иако самиот побара да ја промени средината, сепак Николо Заниоло нема да направи трансфер во зимскиот преоден рок.

Рома веќе го исфрли Заниоло од тимот, но ниту еден клуб не ги задоволи барањата на Рома.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанецот има договор со Милан и преферираше трансфер на „Сан Сиро“, но „росонерите“ сакаа да го доведат само на позајмица.

Во последен момент Рома ги одби понудите на Лидс и Евертон за позајмица, па Заниоло сигурно ќе остане на „Олимпико“ до крајот на сезоната.

На лето ќе влезе во последната година од договорот, а фаворит за неговиот потпис и понатаму останува Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…