Милан и Јувентус не се отлажуваат од намерата да ја донесат во своите редови ѕвездата на Рома и италијански репрезентативец, Николо Заниоло.
Двата клуба и минатото лето беа заинтересирани за Заниоло, но не беа спремни да ја платат сумата од 50 милиони евра, колку што бараше Рома за неговата слобода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома сака да му го продолжи договорот на Заниоло, кој на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Доколку Заниоло не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната неговата цена драстично ќе се намали, па Милан и Јувентус се спремни да ја искористат ситуацијата.