Дома Фудбал Италија Занети ја откри тајната за долгата кариера: На нозе дигав 500kg

Занети ја откри тајната за долгата кариера: На нозе дигав 500kg

Легендата на Интер, Хавиер Занети денеска е потпретседател на клубот во кој ја помина целата фудбалска вечност.

Аргентинецот во текот на кариерата никогаш немаше проблеми со повредите, а играше се до месец дена пред својот 41. роденден. Сега во интервју за Fox Sports конечно ја откри тајната за својата долговечност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Силата секога беше основен аспект во мојата кариера. Кога пристигнав во Италија во 1995. година, почнав да работам вежби за сила, со екипата, но индивидуално. Поголема е веројатноста играч со силни мускули да спречи повреди и да прикажува добри игри.“ – изјави Занети и додаде:

„Секогаш играв два пати неделно, некогаш игравме во недела, па во вторник, но без оглед на се никогаш не го пропуштав тренингот во понеделник на кој работев вежби во теретана.“

„Дигав тегови и имав специфични тестови со кои знаев која тежина да ја дигам во различни периоди во сезоната. На ножната преса дигав 500кг,  а успевав и на една нога да дигам 310кг. “

„Нормално, си давав време и за одмор. После натпревар би поминал некое време во базен, а потоа работев други работи.“ – додаде Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…