Хавиер Занети е вистинска легенда на Интер со овој клуб ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Куп на УЕФА, пет Скудета, четири Суперкупа на Италија и беше еден од најценетите играчи во своето време.
Во кариерата имаше богата понуда од Реал Мадрид, но не сакаше да го остави својот тим и тогаш кога беше тешко. Сега како потпретседател отпатува во Мадрид на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Претставувам клуб со голема историја и тоа е голема одговорност. Реал Мадрид е уште еден престижен клуб со голема традиција. Помеѓу овие два клуб секогаш владеела почит. Да во добри односи сме. Тој и директорот Емилио Бутрагењо се однесуваа кон нас многу добро и долги години одржуваме добр врска, среќн сум секогаш кога ќе ги сретнам“.
Реал Мадрид како играч се обидуваше да го доведе Занети.
„Сакаа да ме доведат и тоа ми годеше. Тоа беше времето кога Жорге Валдано беше спортски директор. Сепак, сите ја знаат мојата приказна и знаат дека Интер е мој дом и затоа одлучив да останам. Не сакав да го напуштам клубот кога беше тешко, немаше да биде капитенски“, порача Занети.