Дома Фудбал Англија Замислете, и ова се случи: Фудбалер на Манчестер Сити тврди дека не вреди колку што е платен

Замислете, и ова се случи: Фудбалер на Манчестер Сити тврди дека не вреди колку што е платен

Денешните фудбалски трансфери заминаа предалеку. Тешко е да се знае, дали некогаш Нејмар се запрашува дали навистина вреди 222 милиони евра, колку што е платен, но се стекнува впечаток дека Бразилецот не го „гризе совеста“ поради астрономскиот трансфер.

Сепак, кога е во прашање некогашниот фудбалер на Манчестер Сити, Вејн Бриџ, работите се поинакви. Имено, овој некогашен фудбалер призна дека во текот на својата кариера е „преплатен“, а особено тоа се однесува на неговиот трансфер во Сити, иако истиот беше далеку од „Нејмаровите“ 222 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Самиот кога станувам гледам дали е вистина или сонувам, кога ќе помислам каква кариера имав и колку пари можев да заработам, но понекогаш срам ми е да зборувам за тоа. Кога преминував во Манчестер Сити за 12 милиони фунти, разговарав со тренерот Реднап за таа цена, му кажав: Мислам дека премногу ме платија. Тој истакна дека не е така, имам квалитет, но мене и натаму не ми беше јасно“, истакна Бриџ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …