Како што наведува германскиот клуб, Борусија Дортмунд, ја договорил позајмицата на Оливие Жиру, но работата нема да се расчисти додека не се реши статусот на Пјер Емерик Обамејанг.
Тимот од Дортмунд ги одби сите досегашни понуди на „Топчиите“. Тие сакаат повеќе од 60 милиони евра, но до крајот на преодниот рок остана сосем доволно време за се да се реши.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од друга страна, за заминувањето на Жиру од „Емирати“ веќе се зборува со месеци. Беше така блиску од преминување во Евертон изминатото лето, но до трансферот на крајот не дојде. Сепак, со пристигнувањето на Обамејанг за него нема повеќе да има место, па и тој се одлучи на заминување.
Нова шанса веројатно ќе има во Борусија. Договорот веќе е постигнат и сега само се чека да се официјализира се, за да се расчистат дилемите.
Жиру е член на Арсенал од 2012. година. Стигна од Монпелје и во 252 настапи постигна 105 погодоци. Оваа сезона меѓутоа, игра многу малку и запиша седум погодоци во 25 настапи.