Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво не се прослави во Англија, по после само една сезона помината на Островот најверојатно ќе го напушти „Етихад“ и ќе се врати во Примера.
Браво минатото лето по барање на Гвардиола ја напушти Барселона и се пресели во Манчестер Сити, но разочара со своите настапи и заврши на клупата за резерви.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Со оглед на фактот дека не сака следната сезона да ја грее клупата и да го пропушти Светското првенство, тој размислува за промена на средината, а најсилен интерес за него покажува Виљареал.
Раководството на „жолтата подморница“ смета дека Браво е идеалниот голман кој би можел да го замени Серхио Асењо, кој заработи тешка повреда на лигаметите од коленото.
Секако, проблем ќе преставува вистоката плата на Чилеанецот, кој ќе мора да прифати помала плата доколку сака да се врати во Шпанија.
Villarreal could sign Claudio Bravo (33) from Manchester City this summer after losing Sergio Asenjo for seven months. [AS] pic.twitter.com/M2ClaVsIyJ
— City Watch (@City_Watch) March 23, 2017