Дома Фудбал Италија Заврши уште едно римско дерби. Лацио убедливо подобар од Рома

Заврши уште едно римско дерби. Лацио убедливо подобар од Рома

Фудбалерите на Лацио се радуваа на победа во големото градско дерби, совладувајќи ја Рома со 3-1.

На „римското дерби“ одиграно попладнево на „Олимпико“ два од трите голови за лациалите ги постигна Сенегалецот Балде Диао Кеита, првиот во 12.минута, а вториот на пет минути пред крајот (85). Во листата на стрелци се запиша и Србинот Душан Баста, додека почесниот гол за Рома го постигна Дениеле Де Роси (45) од пенал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ова беше првиот од осумте натпревари од 34.коло во Серија А кои се играат денеска.

Во попладневниот термин (15 часот) се играат средбите:
Каљари – Пескара,
Кротоне – Милан,
Емполи – Сасуоло,
Џенова – Киево,
Палермо – Фиорентина и
Болоња – Удинезе.

Колото ќе го комплетираат Интер и Наполи со средбата која ќе се игра вечерва од 20 часот и 45 минути.

Табела: Јувентус 84 бодови, Рома 75, Наполи 71, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…