Италијанскиот фудбалер за врска, Марко Верати денес ќе го комплетира трансферот во редовите на Ал Араби од Доха и од него „светците“ ќе инкасираат околу 45 милиони евра.
Летово ПСЖ за разлика од другите години работеше и на продажбите, па клубот го напуштија Нејмар, Вајналдум, Диало…Сега ќе добијат и 45 милиони за трансферот на Верати.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интерес за Верати покажаа и повеќе европски како како Барселона, Челзи и Баерн, но тие нуделе само позајмици што не му одговараше на ПСЖ.
Парижаните сакаа исклучиво само продажба, а таква понуда добија само од Катар, во игра беше и Саудиска Арабија.