Oна што беше најавено сега доби и официјална потврда – Денис Ман и официјално е нов играч на Парма кој стана најскапо платен фудбалер кој заминал од некој романски клуб.
Како и што се споменуваше пред само два дена, Парма за суперталентираниот крилен напаѓач плати 13 милиони евра оштета, плус уште 2 преку бонуси. Со овој трансфер Ман го прескокна досегашниот рекорд Николај Стачиј кој во 2016 година од Стеауа премина во Андерлехт за сума од 9.7 милиони евра.
Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Клубот од Букурешт заработи огромна сума за ова момче кое своевремено го плати само 400.000 евра. Романската јавност во него гледа нов голем ас после Георги Хаџи.
Она што веројатно е најважно за Стеауа и клупскиот сопственик Џиџи Бекали, Парма ги обезбеди сите банкарски гаранции и трансферот ќе биде исплатен и реалзииран и во случај клубот да испадне во понизок ранг или да отиде во бакрот.
Okay okay, we're announcing Dennis #Man! 🤩💛💙
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) January 29, 2021
🔗 https://t.co/VuuXHzvL8a#ForzaParma pic.twitter.com/uv3807T4Pi