Македонската јавност вчера беше изненадена од информацијата дека македонското знаме е во групата на забранети на Австралија Опен.
Министерството за надворешни работи преку амбасадата во Канбера реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија како и до организатороот на турнирот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува, оттаму МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст.
Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.
Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се посочува во соопштението од МНР.