Кога ќе се спомене името на бразилскиот напаѓач Алесандре Пато многумина прво што помислуваат е неговиот гол за Милан против Барселона во Лигата на шампионите.
Натпреварот само што започна, не помина ниту минута, а Пато ја турна топката измеѓу двајца во средината застана секунда, а потоа рутински постигна гол за водство на Милан. Беше тоа навистина маестрален гол и дел од магијата и талентот кој несомнено го поседуваше. Сепак, бројните повреди беа причина да не направи голема кариера, иако и вака не може да се каже дека не беше успешна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Пато има 30 години и после две сезони во Кина одлучи да се врати во Сао Паоло чиј член е од 2019 година. За репрезентацијата на Бразил собра 27 настапи и постигна 10 гола. Бразилските медиуи сега пишуваат дека Пато многу брзо ќе биде претставен како нов играч на Интернационал, клубот од каде што првпат дојде во европскиот фудбал.
São Paulo e Alexandre Pato rescindem contrato https://t.co/6MXpP0Mphe
— ge São Paulo (@ge_saopaulo) August 19, 2020