Кога во средата Аркадиуш Милик пеналот го претвори во гол во Неапол славјето можеше да започне. Наполи по шести пат го освои купот на Италија.
Но, неколку дена по финалето една фотографија се уште се врти на друштвените мрежи. Сите играчи на Наполи заедно со тренерот Џенаро Гатузо го славеа овој голем успеј со оглед на се што се случуваше во Наполи во текот на сезоната. Меѓутоа еден се издвојуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хозе Каљехон падна на колена и почна да плаче како мало дете, свесен дека дојде крајот на една ера. После седум години Шпанецот ќе го напушти Наполи.
Каљехон воопшто не сакаше да ги гледа пеналите и стоеше свртен со грб чекајќи ја реакцијата. Откако се беше завршено падна во солзи на колена.