Аргентинскиот велемајстор, Лионел Меси вчера уште еднаш покажа дека слободните удари се негова специјалност и втор натпревар во низа постигнува гол од слична позиција.
Барселона губеше со 4:2, а тогаш Меси со мајсторијата од слободен удар најави големо враќање на Каталонците. Некоја минута после голот на Аргентинецот Луис Суарез погоди за изедначување.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Меѓутоа денес откако во шпанските медиуми убаво се анализираше новата мајсторија на Меси се забележи дека еден играч од Виљареал му помогнал на Меси да го постигне овој гол.
?¡OJO! ¡Bonera SE AGACHÓ en el LANZAMIENTO de FALTA de Messi! ¡Puedo EVITAR el GOL! ¡Te lo estamos DEMOSTRANDO en #JUGONES! ¡VENTE! pic.twitter.com/4AaiI78q7W
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 3, 2019
Шутот на Меси беше навистина силен и прецизен и голманот Асенхо немаше можност да направи нешто. Сепак, Бонера можеше да спречи топката да заврши во мрежата. Овој играч ја спушти главата кога топката минуваше блиску до него, а коментарите од фудбалската јавност се дека еден фудбалер не смее да си дозволи таква реакција.