30-годишниот офанзивен фудбалер Месијас ќе игра на позајмица во Милан кој на Кротоне ќе му плати 2.6 милиони евра, а ќе има опција и за перманентен трансфер ако му плати уште 5.4 милиони евра.
Фудбалскиот пат на Жуниор Месијас е навистина интересен. Пред само три години тој играше во Серија Д. Немаше да биде чудно ако стануваше збор за млад фудбалер, но Месијас има 30 години, што значи дека во четвртиот ранг во Италија играл на 27 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 2019 година тој потпиша за Кротоне, а претходно играше за Касале, Чиери и Гоцано, сите екипи во Серија Д. Со Гоцано успеал да дојде до Серија Ц, таму бил забележан скаутите на Кротоне.
Претходно фудбалот за него бил ховби затоа што за да преживее работел се што ќе му се понуди: Собирање и продавање цигли од урнати загради, испорака на машини за перење, продавање на пица…
Во 2015 година поранешниот играч Елио Роси го сретнал Месиас за време на некои локални натпревари во Торино, таму му понудил да се пресели во тимот на Касале за месечна плата од 1.500 евра.
Неговиот опуштен пристап можеше да се види минатата сезона во Серија А. Во еден момент се скина неговиот дрес и место тогаш да го смени што е нешто нормално, набрзина врза јазол и продолжи да игра со истиот.
Во минатата сезона која беше негова дебитантска во Серија А успеа да постигне девет гола и да забележи четири асистенции.