Дома Топ вести Жртвите на милионите и елиминацијата – покрај Емери „светлината“ на Париз нема да ја гледаат уште тројца

Жртвите на милионите и елиминацијата – покрај Емери „светлината“ на Париз нема да ја гледаат уште тројца

psg

Во Париз оваа сезона очекуваа многу повеќе од елиминација во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, поради тоа првиот човек на „светците“ е спремен ова лето да направи промени во играчкиот кадар.

Ситуацијата со Унаи Емери е кристално јасна – заминува на крајот од сезоната и ќе се бара ново решение за долги патеки. Реномираното радио „Монте Карло“ откри дека во ПСЖ веќе избрале тренер, но останаа енигматичи со објаснување само дека новиот тренер не е Италијанец и не е слободен во овој момент.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едисон Кавани со изјавата по освојувањето на францускиот Лига Куп можеби и најави негово заминување.

„Се надевам дека романската со Пари Сен Жермен ќе продолжи. Сакам да останам, што е и нормално, но не зависи секогаш само од играчот“, изјави „Матадорот“.

За неговото незадоволство од поодамна се зборува. Прво беше во сенка на Ибрахимовиќ, со неговото заминување искочи во прв план, но минатото лето клубот за 222 милиони го доведе Нејмар кој експресно го засени и ја превзема главната улога во тимот.

Хавиер Пасторе можеше да замине уште во текот на зимскиот преоден рок. Аргентинецот беше на чекор од преминување во Интер и имаше голема желба причината беше јасна – Мундијалот во Русија. Сепак „нероаѕурите“ не беа спремни да ја исплатат сумата од 30 милиони евра која ја бараше клубот од Париз.

„Никогаш не знаете што ќе се случи на пазарот. Имам уште една година од договорот, а на крајот од сезоната ќе седнам со управата на клубот и ќе пронајдеме решение за оваа ситуација“, изјави неодамна Пасторе.

Околу Адриен Рабио се води најмногу полемика. Младиот Французин од поодамна беше виден на излезни врати од „Паркот на принцовите“, но потоа му беше дадена нова шанса. Сепак, до сега не го покажа она што се очекуваше, не ја одржуваше формата на високо ниво во континуитет.

Како и на Пасторе и на Рабио договорот му истекува во јуни 2019 година, а процесот за продолжување на соработката стагнираше во последната година. Иако, одигра неколку добри натпревари вклучувајќи го и осминафиналниот против Реал заминувањето веројатно е неговата иднина.

Минатата година Барселона се обидуваше да го добие како дел од договорот со Нејмар, но ПСЖ инсистираше на тоа да ја плати откупната клазула. Последен клуб кој поврзуваше со овој фудбалер е италијански Јувентус.

Многу би можело да зависи и од тоа дали Реал Мадрид ќе успее да го убеди Нејмар да пристигне на „Сантијаго Бернабеу’. Ако тоа се случи во ПСЖ би можеле да инкасираат огромни 400 милиони евра, а потоа да тргнат во „летен шопинг“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …