Дома Фудбал Жртва на големи спортски неправди: „Да сакав можев да бидам како Меси и Роналдо“

Жртва на големи спортски неправди: „Да сакав можев да бидам како Меси и Роналдо“

Кристијано Роналдо и Лео Меси се најдобрите на сите времиња, а кој е прв на тронот е повеќе на личен вкус.

Своевремено Весли Снајдер изјави дека можел да биде на исто ниво како Роналдо и Меси, но го издала некоја чаша вино повеќе во текот на вечерата.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Холанѓанецот имаше доста успешна кариера, беше жртва на големи фудбалски неправди во 2010. кога не му беше доделена Златната топка иако блескаше во дресот на Интер. Тогаш за најдобар беше избран Лео Меси.

„Можев да бидам како Меси и Роналдо. но едноставно не го чувствував тоа. Уживав во животот, можеби пиев некоја чаша повеќе во текот на вечерата.“ – рече Снајдер.

„Лео и Кристијано се различни, тие многу се жртвуваа и тоа според мене е во ред. Меѓутоа, мојата кариера секако беше неверојатна.“ – додаде тој.

На насловната страна може да се види Снајдер од самиот почеток на кариерата и неговиот изглед откако се прости од фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола денеска ќе го зададе последниот удар на неговата ѕвезда

Манчестер Сити денеска ќе ја одигра својата последна натпреварувачка сезона во која се пос…