Плејмејкерот на Наполи, Жоржињо ги договори личните услови со англискиот шампион Манчестер Сити, пренесуваат италијанските медиуми.
Жоржињо сака да се пресели на Островот и веќе ја прифатил понудата од „граѓаните“, па останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Чекам вести од Неапол. Колку што знам двата клуба продолжуваат да преговараат. Жоржињо веќе ги има договорено личните услови со англискиот клуб и сака да се пресели во Премиер лигата“, изјави агентот.
„Доколку не се пресели во Сити ќе биде несреќен, а тоа Наполи го знае. Се може да биде јасно за само еден ден или после 10 дена“, додаде агентот.
Наполи за слободата на Жоржињо бара 50 милиони евра, па се очекува двата клуба наскоро да постигнат договор.