Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед ќе донесе големо засиливање од Барселона веднаш после отворањето на зимскиот трансфер прозорец.
Имено, „црвените ѓаволи“ се во финална фаза од преговорите за трансфер на Андре Гомеш од Барселона и тоа благодарение на супер-аегнтот Жорге Мендеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед ќе биде активен во зимскиот преоден рок откако Жозе Мурињо призна ддка клубот мора да троши повеќе за да му се приближи на Сити.
„Дон Балон“ тврди дека Јунајтед го обновил интересот за Гомеш и дека трансферот е блиску до реализација благодарение на Жорге Мендеш.
Гомеш не може да се избори со конкуренцијата на „Камп Ноу“, а Мурињо смета дека би бил одлично засилување за неговиот тим, па спреми 30 милиони фунти, сума која ќе ги задоволи апетитите на Каталонците.