Португалскиот стратег Жозе Мурињо веќе со месеци е без работа откако кон крајот на минатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед.
Мурињо отказот на клупата на „црвените ѓаволи“ го доби кон крајот на декември минатата година и се уште е без разбота. Иако имаше неколку интересни понуди одлучи да ја чека онаа која ќе му биде вистински предизвик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекуваше во текот на ова лето Мурињо да седне на некоја клупа, но тоа не се случи. Сега Мурињо пронајде нов ангажман, но не како тренер на некој клуб.
Мурињо потпиша договор со „Скај Спорт“ и во наредната сезона ќе има улога на стручен коментатор во оваа телевизија. Португалецот ќе дебитира утре и тоа во натпреварот помеѓу неговите два поранешни клубови, Манчестер Јунајтед и Челзи.
Ќе потсетиме, откако го доби отказот Мурињо сличен ангажман имаше во телевизија во Русија.