Дома Фудбал Останато Жоао Феликс ја доби наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер

Жоао Феликс ја доби наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс синоќа на гала церемонија ја доби наградата „Златно момче“ 2019 година, за најдобар млад фудбалер во Европа.

Наградата традиционално ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“, а Португалецот имаше најголем број гласови од новинарите на најеминентните спортски медкиуми во Европа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Наградата му беше доделена на гала церемонија во Торино, а Феликс дојде заедно со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Му ја посветувам оваа награда на моето семејство, како и на моите соиграчи од Атлетико Мадрди, како и на тие од Бенфика“, изјави Португалецот.

Феликс ја наследи наградата од Матијас де Лихт, кој минатата година беше избран за најдобар млад играч во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…