Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру проговори за својата иднина и призна дека може да ја промени средината во јануари.
Жиру оваа сезона не добива голема минутажа кај Лампард, па во потрага по поголема минутажа ќе го напушти клубот во јануари, а би можел да се врати во Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за францускиот напаѓач во моментов покажуваат милански Интер и Лион.
„Тешко дека ќе останам во Челзи. Сакам да разговарам со тренерот, ми недостасуваат минути поминати на терен. Пред отварањето на трансферниот прозорец ќе има неколку натпревари на кои можам да играм, а после тоа ќе видиме што ќе се случи“.
„Кога ќе се отвори трансфер прозорецот ќе седнам на преговарачка маса и ќе донесам најдобра одлука за мене. Враќањето во француската лига е една од можностите“, изјави Жиру.