Оливие Жиру во вчерашниот натпревар на Франција против Украна постигна два гола и со тоа на вечната листа на стрелци го надмина Мишел Платини и се доближи до легендарниот Тиери Анри.
Одличниот напаѓач на Челзи постигна два гола во првото полувреме и со тие два погодоци стана вториот најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на сите времиња. Како што споменавме тој го прескокна Платини и сега го „брка“ Анри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Auteur d'un doublé, Olivier Giroud dépasse Michel Platini.
— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 7, 2020
Pensez-vous qu'il va rattraper Thierry Henry ? #FRAUKR pic.twitter.com/byvgfyylBo
Анри за „Триколорите“ постигна 51 гол, а со оглед дека Жиру е се уште активен и има доверба од селекторот Дешамп нема да биде изненадување ако набрзо стана најдобар стрелец во репрезентацијата на сите времиња.
Можеби за многумина ќе звучи чудно, но бројките покажуваат дека на Жиру му оди во репрезентацијата.