Фудбалерите на Милан како гости ја победија Џенова со 1:0 во осмото коло од италијанската Серија А. Во финишот права драма, а секако детал од натпреварот е дека напаѓачот Оливие Жиру застана на голот и ја одбрани победата и првото место за „Росонерите“.
Еден удар на Милан во голот во првото полувреме и тоа беше сè, слично беше и во понатамошниот период од мечот, но Кристијан Пулишиќ стави крај на агонијата на гостите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се играше 87 минута кога Муса го проигра соиграчот од американската репрезентација, Пулишиќ одлично ја зеде топката и успеа да ја затресе мрежата на немоќниот Мартинез.
Фудбалерите на Алберто Џилардино тргнаа на сè или ништо да го избегнат поразот, непромисленото истрчување на Мењон значеше исклучување на францускиот голман, па поради сите направени измени Жиру застана во голот на Милан.
Имаше Жиру и една интервенција, па благодарение на истата Милан конечно ја преживеа драмата во Џенова од која излезе како победник и воедно моментно е на првото место на табелата со 21 бод. Џенова е на 15 позиција со осум бодови.
I can’t stop watching Oliver Giroud’s save LMAOOO pic.twitter.com/Ktqv4z122L
— 🦅 (@nemaccer) October 7, 2023