Францускиот напаѓач Оливие Жиру во претходните години констатно се поврзуваше со заминување од Челзи.
Меѓутоа искусниот фудбалер се уште е дел од „сините“, иако многу тимови сакаа да го видат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во јануари Жиру имал понуда од Лион. Тој одлучил да ја одбие таа понуда затоа што тоа е тим кој го создал Карим Бензема. Ова го потврди самиот играч.
„Можев без проблем да ја прифатам таа пнуда, но не сакав семејството да го ставам на ризик кога видов како реагираат. Не сакав да предизвикам контроверзии и да дојдам во клубот кој го создаде Бензема“, изјави Жиру.
Бензема веќе пет години не е член на репрезентацијата поради скандалот со Валбуена. Од неговото отсуство сигурно најголема корист има Жиру кој има повеќе простор, сепак неговото објаснување за одбиената понуда на Лион е навистина изненадувачко.