Дома Фудбал Англија Жиру го делат ситници од Интер

Жиру го делат ситници од Интер

Францускиот напаѓач Оливие Жиру е се поблиску до трансфер во редовите на Инте.

Жиру наводно ги договорил сите лични услови со италијанскиот клуб, со кој ќе потпише договор до летото 2022. година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тек се преговори меѓу двата клуба и се верува дека Челси нема да прави никакви проблеми за Французинот, иако се уште немаат договор за цената. Интер нуди пет, Челси бара седум милиони евра, но се очекува наскоро да најдат конечен договор.

33-годишниот напаѓач е желба на Антонио Конте и после авантурата во Лондон (Арсенал и Челси), спремен е за нови предизвици.

Само треба да почекаме за официјалната потврда на трансферот, а Жиру се надева дека ќе добие шанса со Ромелу Лукаку и ќе му помогне на Интер во борбата за Скудето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …