Оливие Жиру до последен момент чекаше дали Пјер Емерик Обамејанг ќе пристигне во Арсенал, бидејќи имаше желба да ги напушти „Топчиите“.
Меѓутоа, кога Обамејанг пристигна на „Емирати“ беше јасно дека за Жиру повеќе нема место, а многумина ги изненади со трансферот во Челзи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот напаѓач откри за англиските медиуми дека неколкупати го прашувал Арсен Венгер дали Обамејанг пристигнува, и знаеше дека францускиот стратег е под голем притисок. Но, призна дека верува дека Челзи е најдобриот избор за него.
„Го прашав Венгер дали Обамејанг ќе пристигне. Истото го правеше и мојот агент, бидејќи сакаше да знае што се случува. Не сакав да одам, но бев принуден на тоа. Ми кажа дека ќе направи се за да бидам среќен и на крајот ме пушти да заминам. Ми порача дека не би можел себеси да си прости да не оди на СП во Русија, а ако останев во Арсенал ќе беше така. Сакам да одам на СП и тоа на крајот ме „избрка“ во друг клуб каде ќе имам поголема минутажа“, истакна Жиру.