Искусниот италијански напаѓач, Марко Бориело ја изненади фудбалската јавност со одлуката да потпише за шпанскиот третолигаш Ибица.
Бориело после конфликтот со претседателот на СПАЛ го напушти италијанскиот клуб ова лето, а иако имаше понуди од клубови во Серија А, на крајот ја избра Ибица. На искусниот напаѓач очигледно му се допаднал проектот на шпанскиот клуб кој има големи амбиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој напаѓач во јавноста е познат како човек кој сака да се забавува. Промени многу жени во својот живот, но нема намера да се „смири“.
„Спиев со многу жени. Се сеќавам дека ја изгубив невиноста кога имав 16 години и можам да кажам дека таа ноќ имаше повеќе жени во акција со мене“, ја започна Бориело својата приказна.
Меѓутоа неговата животна приказна не била така едноставна, бидејќи останал без татко на само 10 години.
„Тој ден беше ужасен за моето семејство. Мафијата го уби мојот татко, а јас тогаш имав десет години. Еден мафијаш ни позајми пари и не можевме да му ги вратиме. Кога дојде да си ги бара тој го уби. Само да знаете дека тоа беше Пасквале Центоре поранешниот градоначалник на Цесертана. Мене фудбалот ме спаси и ми помогна полесно да се носам со сето тоа. Мајката ме одгледа мене и моите два брата, се бореше со сите сили за нас“.
„Живеевме во Сан Џовани Тедучи на југот на Италија, место кое беше многу сиромашн. Тоа беше легло на криминалци и гангстери. Моето детство не беше баш убаво, но не беше ниту толку очајно. Сепак, среќен сум што со фудбалот го извлеков целото мое семејство“, заклучи новиот напаѓач на Ибица за кого ова е 15-ти клуб во неговата кариера.