Новак Ѓоковиќ (36) загуби од 14 години помладиот Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен со 1:6, 2:6, 7:6, 3:6.
По катастрофалните први два сета, во кои освои само три гема, Ѓоковиќ го доби третиот сет, откако ја спаси меч топката на противникот. Но, во четвртиот тој повторно беше немоќен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ништо не му одеше добро на Ѓоковиќ, но најмногу сервисот. И реакцијата на противникот и искористувањето на сопствениот сервис. Тоа најдобро се виде кога поведе со 40:0 и почна да прави тешки грешки. Така Италијанецот со двоен сервис се врати во игра, а потоа му дозволи брејк.
Ѓоковиќ, кој дотогаш воопшто не комуницираше со својот тим, пред се со тренерот Горан Иванишевиќ, тогаш жестоко распали: „Колку сте лоши… Ужас, ужас, сите!
Тој ја покри устата додека го зборуваше тоа, но можеше да се слушне како негодува дека му недостига помош.