Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампиони била причина за голема расправија во „кралскиот“ клуб помеѓу претседателот Флорентино Перез и капитенот Серхио Рамос, пресува „АС“.
Рамос го пропушти мечот со Ајакс поради парни жолти картони и натпреварот го следеше од трибините на „Сантиаго Бернабеу“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Претседателот Флорентино Перез слегол во соблекувалната после последниот судиски свиреж барајќи објаснување од играчите за тешкиот пораз. Тој ги критикувал фудбалерите за недостаток на посветеност дури и ги нарекол дека се „срам“.
Во тој момент Рамос се навредил и влегол во вербална расправија со Перез и му се обратил со зборовите:
„Исплати ме и си заминувам. Јас давам се за овој клуб и овој дрес, па дури и за тебе“.
Расправијата траела подолго време, а целиот тим бил сведок на тоа, пренесува „АС“.
Ramos to Pérez: "I've given everything and busted a gut for this badge, for this club and even for you". https://t.co/QoIS7DwrUF
— AS English (@English_AS) March 7, 2019
После тоа Перез отишол на кризен состанок со директорите во клубот кој траел цели 2 часа. На состанокот биле разгледувани сите опции за иднината на клубот, а Перез го напуштил стадионот во 1 часот по полноќ.
Била разгледувана и опцијата веднаш да се отпушти тренерот Солари, како и тоа да биде ангажиран Жозе Мурињо, за кого се знае дека е во лошо односи со Серхио Рамос.