Дома Фудбал Англија Жена може да го наследи Саутгејт на селекторското место

Жена може да го наследи Саутгејт на селекторското место

Герет Саутгејт поднесе оставка на местото селектор на англиската репрезентација откако откако не успеа да го освои Европското првенство и по втор пат загуби во финалето.

Сега започна потрагата по негова замена, а англиските медиуми пренесуваат дека може жена да седне на селекторското место.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Сарина Вигман, селекторката на женската репрезентација на Англија, е сериозна кандидатка да го наследи Саутгејт.

Вигман е Холанѓанка која од 2021 година ја води Англија, откако претходно пет години беше селекторка на својата земја.

Во претходната година со Англија Вигман беше втора на Светското првенство зад Шпанија. Една година претходно го освои Европското првенство. Во изборот на ФИФА четири пати беше избрана за најдобра тренерка во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми нема да биде во можност да му помогне на Динамо Загреб…