Претседателот на Интер Стивен Жанг откри дека Ромелу Лукаку бил единствениот кој верувал од почетокот на сезоната дека Интер може да игра финале во Лигата на шампионите.
По пауза од 13 година „нероаѕурите“ ќе иограат во финалето откако вчера со 1:0 во реваншот го победија Милан и така со вкупни 3:0 беа подобри во двата полуфинални натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Единствениот кој пред сезоната веруваше дека можеме да играме финале во ЛШ е Ромелу Лукаку кој ми испрати таква порака. Мислев дека се за*аба со мене, но на крајот испадна дека предвидел што ќе се случува“, изјави Жанг.
Го запрашаа новинарите кој противник би бил посакуван од второто полуфинале Манчестер Сити или Реал Мадрид.
„Станува збор за два одлични тима, меѓутоа Интер беше во група со два квалитетни тима. Финалето ќе биде прекрасно, без разлика против кого ќе играме ќе го намачиме противникот“, додаде првиот човек на „нероаѕурите“.