Поранешниот ракометен шампион на Македонја, екипата на Борец од Велес доживеа катастрофален пораз на гостувањето кај Младост од Богданци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Борец во четрврото коло од прволигашката конкуренција загуби од составот на Младост со неверојатни 56:6. Посебно неверојатно е што тимот од Велес првото полувреме го заврши без постигнат гол, прими дури 39.
Првиот гол велешани го постигнаа дури во 36. минута преку Ристов. До крајот постигнаа уште пет гола во противничката мрежа.
Очигледно ниту сезонава нема да биде поразлична за Борец кој минатата сезона ги загугби сите натпревари во регуларниот дел и во плеј-аутот во Првата лига.