Дома Фудбал Останато Жалбата одбиена, Робињо мора да оди во затвор

Жалбата одбиена, Робињо мора да оди во затвор

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Робињо е осуден на деветгодишна затворска казна.

Апелациониот суд во Италија ја одби неговата жалба и тој ќе мора да оди во затвор, откако беше обвинет за сил*вање на девојка од Албанија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Робињо беше прогласен за виновен во случајот на 22-годишната Албанка, кој се случи на 22 јануари 2013 година во Милано, кога настапуваше за „росонерите“.

Ваквиот проблем со законот му го скрати правото на Робињо да направи трансфер во таборот на Сантош кој го промовираше како нов играч на клубот, меѓутоа набргу потоа му го раскина договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …