Агентите на Ешли Јанг се во напредни преговори со Барнли, тврди „Скај Спорт“.
36-годишниот Англичанец ова лето ќе биде слободен агент откако му заврши договорот со милански Интер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Англичанецот сака да се врати во Премиер лигата, а Барнли му нуди едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година.
Ешли Јанг е добар пријател со менаџерот на Барнли, Шон Дајч и веќе дал согласност за трансферот.
Англичанецот во последната сезона одигра 34 меча за Интер.