Дома Фудбал Италија Ситуацијата во Интер станува сериозна: Уште еден позитивен на Ковид

Ситуацијата во Интер станува сериозна: Уште еден позитивен на Ковид

Ситуацијата во миланскиот гигант Интер станува сериозна, откако денес беше потврден 6-от случај на позтивен фудбалер на Ковид 19.

Станува збор за Ешли Јанг, кој денес даде позитивен тест на Ковид, па Англичанецот веднаш е отсранет во карантин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јанг е шестиот фудбалер на Интер кој е носител на коронавирусот, а претходно позитивни на Ковид се потврдија, Бастони, Скриниар, Наинголан, Гаглиардини и Раду.

Ова е голем проблем за тимот на Конте, кој во сабота го игра градското дерби со Милан, кој исто така во моментов има двајца заразени, Лео Дуарте и Матео Габија.

Само доколку бројот на заразени во редовите на Интер се искачи на 10, тогаш „нероаѕурите“ ќе можат да побараат одложување на дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…