Дома Останати Ракомет ЕХФ ја поправи грешката, сега знaат што може Вардар!

ЕХФ ја поправи грешката, сега знaат што може Вардар!

ЕХФ како и во претходните неколку сезони пред почетокот на Лигата на шампионите ги објави првите 10 фаворити за европскиот трон кој го брани Вардар.

Минатата година ЕХФ не го сместуваше Вардар во топ 10, но оваа година и луѓето во ЕХФ знаат дека Вардар никогаш не смее да се отпише, па си ја поправија минатогодишната грешка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Експертите на ЕХФ кој направија утка минатата година сега го сместуваат Вардар на седмата позиција.

„Вообичаено бранителот на тронот е рангиран на местото број еден. Но Вардар изгуби важни играчи како што се: Милосаваљев, Карачиќ, Рожерио Мораес и Калараш. Меѓутоа не ги отпишувајте овие момци. Минатата година никој не им даваше шанса пред почетокот на сезоната, а тие покажаа дека можат. Ќе биде тешко за тимот од Скопје, после првите кола би требало работите да бидат појасни“, стои во описот од ЕХФ за Вардар.

 Човекот на ЕХФ кој ја правел анализата очигледно не се информирал дека Глеб Калараш се врати во Вардар.

Комплетната топ 10 листа изгледа вака:

1.Веспрем

2. Барселона

3.ПСЖ

4. Кил

5 .Киелце

6. Пик Сегед

7. ВАРДАР

8. Фленсбург

9. Монпеље

10. Мешков Брест

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…