Пред стартот на втората фаза од ракометната Лига на шампиони, ЕХФ ги објави фаворитите за новата сезона.
Како што е добро познато, Вардар го брани трофејот во ова натпреварување, но според ЕХФ нашиот претставник нема најголеми шанси за освојување на најелитното натпреварување во Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар првиот дел од сезоната го заврши без пораз, но и покрај тоа најголеми шанси за триумф во ЛШ му се дава на скапиот тим на ПСЖ.
„Црвено-црните“ се наоѓаат на втората позиција, зад Вардар следуваат Веспрем, Фленсбург, па Нант на Кире Лазаров, Рајн-Некар Левен, Барселона, Киелце, Пик Сегед и Мешков Брест.