Кристиано Роналдо вчера после 12 години повторно се врати во редовите на Манчестер Јунајтед каде што се афирмираше како играч.
Фановите на Јунајтед од разочарување затоа што беше пред потпис со Сити преминаа во еуфорија и екстаза дочекувајќи го назад својот некогашен миленик. Ефектот Роналдо веќе почна да се чувствува во клубот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, од објавувањето на трансферот акциите на Манчестер Јунајтед скокнаа за 8%, а на социјалните мрежи клубот доби плус еден милион следбеници.
Уште еднаш Роналдо докажува дека е вистински бренд.