Дома Фудбал Репрезентации Еуфорија и во Грузија пред историскиот меч: Ова е шанса каква што чекаме три децении

Еуфорија и во Грузија пред историскиот меч: Ова е шанса каква што чекаме три децении

Во четврток Македонија ќе игра историски натпревар против Грузија во кој ќе се бори за пласман на Европското првенство кое ќе се игра наредното лето.

И во Грузија нормално е еуфоријата да се зголемува како се доближува почетокот на натпреварот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Грузија Леван Цкитишвили порача дека за Грузија ова е шанса каква што нема да има повторно.

„Ваква шанса нема да имаме повторно. На ова чекаме три децении и сигурно дека нашите репрезентативци ќе дададат се од себе за да победиме. Верувам дека на крајот ние ќе славиме“, изјави Цкитишвили.

Гиорги Деметрадзе очекува Македонија да игра на контри.

„Ова ќе биде натпревар за историја, секој играч треба да го даде најдоброто од себе за Грузија да игра на ЕП. Мислам дека Македонија ќе игра како во вториот натпревар, ќе не чека на контранапади, очекувам да имаат таков пристап“, изјави Деметрадзе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …