Новото засилување на Јувентус, Федерико Бернардески пристигна во Торино и еуфорично беше пречекан од фановите на „старата дама“.
Италијанскиот репрезентативец денес треба да ги помине медицинските прегледи и официјално да стане нов играч на Јувентус, а потоа ќе му се придружи на остатокот од тимот во САД.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Бернардески доаѓа од Фиорентина во трансфер вреден 40 милиони евра плус бонуси, а медиумите тврдат дека ќе биде новата „десетка“ на Јувентус.
23 годишниот фудбалер важи за еден од најталентираните на Апенините, може да игра на повеќе позиции во офанзивата, па сигурно ќе биде големо засилување за „старата дама“.