Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Унгарија – Португалија, Роналдо и дружината тргнуваат во мисија на одбрана на трофејот

ЕУРО анализа: Унгарија – Португалија, Роналдо и дружината тргнуваат во мисија на одбрана на трофејот

Унгарија и Португалија ќе ја отворат програмата на ЕУРО 2020 во вторник. Овој меч се игра во терминот од 18:00 часот, бидејќи во вторник на шампионатот се играат само два натпревари, оние од групата Ф.

Се знае кој е кој на овој натпревар и нема потреба премногу да се филозофира и објаснува, но и покрај аутсајдерската улога, Унгарија се надева дека ќе освои барем некој бод во најсилната група на првенството, особено што ќе игра на домашен терен, на Пушкаш Арената во Будимпешта.

Предноста на Унгарија е само домашниот терен


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Каква само несреќа ги снајде унгарците кога во Нион беше извршена жрепката за групната фаза на ова првенство. Соочени со една од најтешките групи на турнирот, заедно со три селекции кои ќе ја бркаат титулата Португалија, Франција и Германија, унгарците речиси и да немаат шанси за прогрес во следната фаза. Унгарија има одлична репрезентација, една од подобрите во поновата нивна историја. Унгарците загубија само еден од осумте натпревари во 2020 година, се искачија на првото место во Лигата Б од Лигата на нации 2020-21 пред Русија и минаа девет натпревари без пораз. Освен тоа, Унгарија нема пораз на вкупно 11 натпревари по ред а добро ги одиграа и подготвителните дуели пред ЕУРО 2020. Славеа над Кипар со 1:0, па одиграа реми против Република Ирска, но беа надмоќни на теренот.

Унгарците сонуваат за реприза од ЕУРО 2016

Унгарците се уште убаво се сеќаваат на ЕУРО 2016. Тие се квалификуваа на нивниот прв голем турнир уште од 1986 година и требаше да бидат последни – само три порази беа логични на тој шапионат.

Но, не беше така. Наместо тоа, унгарците победија со 2:0 против Австрија, ремизираа со Исланд и поведоа трипати против Португалија пред натпреварот да заврши нерешено. Тие завршија на врвот на групата Ф, предизвикувајќи големи прослави низ целата земја. Тоа беше врвно достигнување што ја обедини нацијата, па дури и поразот од 4:0 против Белгија што следеше во следната фаза не го намали нивниот успех.

Некои се надеваа дека тие настапи треба да бидат поттик пред ова првенство. Повторно се во група со Португалија, играат дома и тоа за нив е доволна причина да се надеваат барем на бод од овој прв натпревар.

Унгарија има стабилен и искусен голман во Питер Гулаши, плус многу сигурен централен бек во Вили Орбан. Заедно во РБ Лајпциг тие имаат неверојатно меѓусебно разбирање во текот на неколку години. Може ли ова дуо да и даде крилја на Унгарија и да предизвика вознемиреност на кај големите фаворити? Тоа е прашање, на кое одговорот ќе дојде многу бргу.

Потешко е да се мине групата, отколку да се освои златото

Португалија е бранител на трофејот и повторно еден од најголемите фаворити за златото. Интересно е тоа што дури девет од 26-члената екипа на Португалија играат во англиската Премиер Лига, нешто што се нема случено никогаш предходно. Португалија има одличен состав, доволно искуство за да стигне далеку на овој шампионат.

Тука е и Кристијано Роналдо, кој ова лето би можел да го сруши рекордот на сите времиња кога во прашање се головите, а тука е исто така и ветеранот Пепе. Ова Европско Првенство и за двајцата веројатно ќе биде последното во нивните кариери.

Тие го освоија златото на минатиот шампионат, а Европа треба да се пази од нив на ова првенство многу повеќе од тогаш – актуелниот шампион има значително посилен состав отколку што имаше при подигнувањето на трофејот во 2016 година. Но дали Португалија ќе има подобар тим ова лето, ќе зависи од способноста на селекторот Фернандо Сантос да ја пронајде хемијата на неговиот прв тим. Како што Сантос знае добро, сепак, големите имиња не освојуваат големи турнири, а по жрепката тој изјави дека ќе биде потешко да се мине групата во која уште се Германија, Франција и Унгарија, отколку да се освои ЕУРО 2020.

Сите очекуваат финале

Сите во Португалија очекуваат барем финале, иако амбициите се одбрана на титулата освоена на минатото првенство. Иаат подобар тим од пред пет години, но тоа не е доволно за да се освои трофеј. Треба многу нешта да се поклопат, а во Португалија овој пат многу нешта ќе зависат од одбраната. Ако одбраната одигра на високо ниво, тогаш Португалија ќе стигне до крајот. Овој прв меч, за нив е од голема важност. Овој меч против Унгарија мора да се добие. Но и тие се свесни дека нема да им биде лесно, особено откако Унгарија заврши пред нив во групата на минатото Европско Првенство. Тој факт, значи дека Португалија во никој случај нема да ја потцени Унгарија и ќе одигра на највисоко можно ниво.

Прогноза

Португалија мора да слави победа на стартот ако сака да се надева и да очекува дека ќе ја мине групата. Во оваа група секој меч е од огромна важност и секој меч може да се покаже како клучен. Португалија веќе ја научи лекцијата наречена Унгарија, кога на минатото ЕУРО заврши после унгарците на табелата во групата и тоа е предупредување за нив, нешто што го немаат Франција и Германија кои очекуваат сигурни три бода против унгарците.

Сепак, токму минатото ЕУРО, од друга страна им дава надеж и поттик на унгарците дека можат барем до некое изненадување на ова првенство, а играат и на домашен терен. Португалије би требало да победи, ни никако не очекувајте лесна победа за нив.

ТИП: Унгарија – Португалија – 2 @ 1.49 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…