Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Велс – Данска, дуел на две селекции кои можат да бидат изненадување

ЕУРО анализа: Велс – Данска, дуел на две селекции кои можат да бидат изненадување

Осминафиналната фаза на ЕУРО 2020 ќе стартува во сабота во терминот од 18:00 часот, кога на Јохан Кројф арената во Амстердам ќе вкрстат Велс и Данска. Ова е веројатно еден од најнеатрактивните дуели во оваа фаза, но во исто време и дуел помеѓу две селекции кои можат да бидат најголемо изненадување на шампионатот.

Велс пријатно изненади во групната фаза

Никој не очекуваше од Велс дека ќе обезбеди пласман во следната фаза на шампионатот. Во тешката група со Италија, Швајцарија и Турција, тие беа отпишани пред време и беа селекција на која и се даваа најмали шанси за прогрес. Но не само што ја минаа групата, туку и завршија како втори, веднаш зад Италија која беше неприкосновена. Ремито со Швајцарија во воведниот меч беше добредојдено, иако тој бод беше освоен и со доза на среќа. Сепак, во вториот меч кој се покажа како клучен, Велс во Азербејџан сосема заслужено славеше над Турција со 2:0. Откако Италија во стартните два меча славеше со по 3:0, над Велс славеше со само 1:0, а мора да се напомене дека велшаните цело второ полувреме го играа со играч помалку. Се на се, пласманот на Велс во оваа фаза не беше очекуван, но е крајно заслужен и сега веќе никој не смее да ја отпиша оваа селекција предводена од Бејл и Ремзи.

Велс сака реприза од 2016 година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Слично се одвиваа работите за Велс и на минатото ЕУРО, кога беа дебитанти и сите очекувања беа дека се задоволни со самиот пласман на шампионатот. Но на предходното Европско Првенство, Велс дотурка дури до полуфиналето каде беше елиминиран од Португалија. Тешко е да се очекува реприза од тој настап. Но според перфомансите од групната фаза, сега и нивните апетити пораснаа. Веруваат во своите можности и сакаат да докажат пред Европа дека не случајно биле во полуфиналето во 2016 година, или пак н еслучајно ја поминаа групата на овој шампионат. Реално, Велс има добри фудбалери кои можат да одиграат на многу високо ниво, имаат искуство, а го имаат и Бејл во тимот. Ако ги искористат своите квалитети и ги склопат коцките на вистински начин, тогаш може да очекуваат многу и од овој натпревар.

Понесени од емоциите данците можат многу

Ова е едно крајно емотивно натпреварување за Данска поради здравствените проблеми на Кристијан Ериксен на нивниот воведен натпревар против Финска на 12-ти јуни.

Ериксен имаше успешна операција по вградувањето на дефибрилатор, а Данците ќе го напуштат ова натпреварување како херои, без оглед на тоа што ќе се случува на шампионатот.

Данска по поразот од Финска со 1:0 на тој емотивен меч за нив, одигра одличен меч против Белгија понесена од еден куп емоции. Со голот на Поулсен по 90 секунди игра водеа со 1:0. Ги надиграа белгијците кои се едни од фаворитите за златото. Упатија дури 22 шутеви кон противничкиот гол, за разлика од шесте шута на Белгија, но на крајот загубија со 1:2.

Беа на дното со нула поени, но тие славеа кога беше најпотребно. Тимот на Хјулманд дури заврши на второто место, без разлика што имаа два порази и само три бода. На крај имаа среќа, славеа над Русија со неверојатни 4:1, а Финска загуби против Белгија, најдобрата комбинација која на нив им одговараше.

Јасно е дека сите натпревари до крајот оваа селекција ќе ги игра за Ериксен, а тие емоции се силни и понесени од нив можат да постигнат многу. Впрочем, Данска има одлична селекција на фудбалери од најсилните европски лиги, која може да победи против било кој противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Кукуреља го одржа ветувањето – драстично го промени имиџот!

Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија Марк Кукурела го исполни ветувањето и ја oфарба кос…