Еурофарм Пелистер денес официјално го претстави египетскиот голман Карим Хендави.
Хендави беше промовиран во Битола и би требало своето деби да го има на двомечот со унгарската Татабања во Лигата на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Многу ми е драго што потпишав за Еурофарм Пелистер. Ова е значаен чекор за мене. Доаѓам во клуб со многу добри играчи, добар тренер, многу добар тим. Екипата е на одлично ниво и се надевам дека ќе помогнам“, изјави Египќанецот.
Хендави претходно настапуваше за Доброгеа Суд (Романија), Бешикташ (Турција) и Замалек (Египет).