Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија голема победа со осум гола разлика против Татран Прешов во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата.
Пелистер во текот на целиот натпревар беше подобар тим, но клучната предност ја направи во последните десетина минути од натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред паузата Татран ја намали разликата на 20-17, а кон средината на второто полувреме дојдоа и до еден гол разлика 28:27. Меѓутоа, во завршните десетина минути домаќините одиграа фуриозно и на крајот славеа со осум гола разлика 37:29.
Ненад Костески беше најефикасен со десет гола, а осум погодоци постигна Себастијан Хенеберг, а Лесјак го заврши натпреварот со 11 одбрани.
Фото: Еурофарм Пелистер