Дома Трансфер зона Ето му објасни на Салах зошто е подобро да премине во Барса, отколку во Реал

Ето му објасни на Салах зошто е подобро да премине во Барса, отколку во Реал

samuel eto

Поранешниот играч на Барселона, Самуел Ето го повика Мохамед Салах да му се приклучи на каталонскиот клуб доколку му се пружи прилика за тоа.

Формата на Салах во последните две години го доведе до тоа да биде еден од играчите кои секој клуб сака да ги има во своите редови, а претходната сезона конечно ја освои и ЛШ со Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Египетскиот напаѓач постигна 71 погодок на 104 натпревари во дресот на Ливерпул, а беше стрелец и на првиот гол во финалето на ЛШ против Тотенхем.

Реал Мадрид и Барселона се само дел од тимовите кои би сакале да го донесат Салах, а Самуел Ето е еден од ретките играчи кои играле и за двата клуба, па му даде совет на Салах за тоа кој клуб да го избере.

„Ако има прилика да игра во најдобрата лига на светот, мора да потпише за Барслона.“ – изјави Ето за ББС.

„Мохамед има се да биде еден од најдобрите играчи на светот. Барселона повеќе ќе му одговара. Реал ми даде прилика да ја напуштам Африка, но знам дека стилот на Барселона за него ќе биде подобар.“ – додаде Ето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…