Tренерот на Барселона Ернесто Валверде го продолжил договорот со каталонскиот клуб до крајот на сезоната 2019/2020, потврди претседателот на клубот, Бартомеу.
54 годишниот тренер на „Камп Ноу“ пристигна во 2017 година од редовите на Атлетик Билбао и во својата прва сезона триумфираше во Ла Лига, националниот куп и Суперкупот на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходниот договор на Валверде истекуваше во летото 2019 година, Бартомеу сега потврди дека истиот е продолжен на уште една година.
„Сакам да разјаснам. Договорот на Валверде важи оваа и следната сезона. Клубот или тој можат да го раскинат договорот со плаќање ошета. Неговиот договор важи до крајот на сезоната 2019/2020. Ернесто работи одлично. Првата сезона беше одлична, поразот во Рим беше црната дамка, но ние сме задоволни од неговата работа. Имаме добар тим и добри играч. Тој е паметен тренер со јасен став за организација на тимот“, изјави Бартомеу.
El presidente @jmbartomeu ha repasado la actualidad del Club ?https://t.co/dl7DYpGTQQ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 22, 2018