Ерик Баи после шест години поминати во Манчестер Јунајтед ова лето го напушти „Олд Трафорд“ и се пресели во Олимпик Марсеј.
Дефанзивецот упати сериозни обвинувањата и тврди дека во Манчестер Јунајтед се фаворизираат англиските фудбалери.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
„Манчестер Јунајтед треба да избегнува фаворизирање на англиските играчи и да им даде на сите еднаква шанса. Клубот треба да поттикнува конкуренција во соблекувалната. Секогаш имав впечаток дека Англичаните се фаворизирани“.
„Тоа не е случај во Челзи или другите големи англиски клубови. Некои го земаат својот статус „здраво за готово“ дека ќе бидат стартери и тоа го ослабува тимот. За среќа, Ерик тен Хаг има голем карактер и се надевам дека ќе го смени тоа“, истакна Баи.
Англиските медиуми тврдат дека Баи зборува за Мегваер, кој имаше загарантирано место во стартниот тим, иако играше многу лошо.