Кристијан Ериксен во Интер пристигна во јануари за 20 милиони евра од Тотенхем и од него се очекува да биде големо засилување за тимот на Антонио Конте.
Во миланското дерби Интер славеше со 4:2 откако во првиот дел губеше со 0:2. Ериксен во игра влезе во второто полувреме, а во 80. минута Данецот беше блиску до својот првенец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Негова специјалност се слободните удари и вчера на таков начин од голема далечина ја погоди пречката. Ако овој шут на Ериксен одеше малку пониско Донарума ќе немаше никакви шанси.
“Wow wow wow Christian #Eriksen” ? #InterMilan pic.twitter.com/jRH3r6NVI5
— Alessandro (@90ordnasselA) February 10, 2020
„Одалеченоста беше голема. На почетокот мислев да искористам една од нашите акции кои ги вежбавме на тренинг. Но, тогаш видов дека одбраната на Милан стои длабоко. Си помислив на директен удар, го погледнав Брозовиќ и тој ми кажа – шутирај! Тоа и го направив, бев блиску“, изјави Ериксен.
Ериксен беше воодушевен и од атмосферата во дербито.
„Такво нешто нема во Премиер лигата. Во Англија пиротехниката не е дозволена, а нема ниту такви кореографии. Овде навивачите ги чуствуваш од моментот кога ќе излезеш од автобусот. Беа наш 12. играч во текот на целиот натпревар и благодарни сме им на тоа“, истакна данскиот фудбалер.